Телеком Австрија Групацијата информира дека, заедно со Телеком Словеније Груп, поднесе нотификација за концентрација до Комисијата за заштита на конкуренција на Република Македонија, во однос на намерата за спојување на својата подружница Вип оператор со компанијата Оне во сопственост на Телеком Словеније Груп. Исто така, Вип оператор и Оне потпишаа Договор за спојување, кој се пре – регистрира во Централниот регистар на Република Македонија. Трансакцијата е предмет на одобрување од страна на релевантните институции, а се очекува да биде завршена во првиот квартал на 2015 година, стои во соопштението.
На 22 октомври 2014 година, Телеком Австрија Групацијата објави дека се договори со Телеком Словеније Груп за спојување на нивните подружници Вип оператор и Оне. Телеком Австрија Групацијата ќе има 55% и целосна контрола во новосоздадениот ентитет, додека Телеком Словеније Груп ќе поседува 45%. Договорот, исто така, вклучува опции за купување и продажба за излегување на Телеком Словеније од заедничката компанија во рок од три години од затворањето на спојувањето.