Пет компании ќе бараат нафта во Јадранот

86

nafta

Хрватската влада вчера додели 10 дозволи за истражување и експлоатација на јаглеводород на Јадранот. Понуди доставиле шест компании за 15 од понудените 29 простори за истражување, а одобрени се 10 простори што ќе ги истражуваат компаниите Marathon Oil, OMV, Eni, Medoilgas и Ina, стои на интернет страната на министерството за економија.

За пет години треба да се инвестираат 521,5 милиони евра преку истражувања. Рокот за потпишување на договорите е до 2 април.