Неодамна е донесена одлука за продажба на неколку животни од Зоолошката градина Пионирска долина во Сараево, а граѓаните кои сакаат да купат некои од нив, можат да ги погледаат до 14 јануари. Продажбата и преземањето на животните ќе бидат извршени на 16 јануари, јавува Радио Сараево.
На продажба се ставени едно шкотско говедо, три лебеди, четири лами, два пони коња и 14 елени лопатари.
Според раководството, една од причините поради кои се одлучиле на овој чекор е да се ослободи простор за да се донесат нови видови животни.
За животните не е одредена минимална цена, а купците нема да имаат право на рекламација.