Компанијата Dreamfoods, корисник на франшизата на McDonald’s за Република Српска, од деловни причини планира да го затвори ресторанот во Бања Лука на 15-ти февруари оваа година, пишува Mondo.ba.
“Сопственикот на франшизата за Република Српска во идниот период ќе размислува за пронаоѓање алтернативни локации за ресторан и ќе продолжи да ги разгледува опциите за развој на брендот на пазарот на Република Српска“, соопштуваат од компанијата Dreamfoods.
Сите работници во овој ресторан биле известени за неговото затворање и дека на соодветен начин ќе го испочитуваат нивното право на надомест. McDonald’s во Бања Лука е отворен во октомври 2012 година.