На креативност понекогаш ѝ нема крај, па пример за тоа е изумот на дизајнерката Тереса ван Донген. Нејзина инспирација е небесната големина и боја на океанот, па истата се обидува да ја преслика во интересна лампа.
Она по што е карактеристична оваа лампа, под името Ambio lamp, е во тоа што не користи електрична енергија, туку бактерија од октопод.
Првиот проблем на дизајнерката е во тоа што бактеријата може да ослободува светлина само доколку постојано се движи. Од таа причина, потребно е од време на време да се протресе за да може бактеријата да ја испушти прекрасната сина боја.
Вториот проблем е во тоа што фотобактеријата од октопот во овие услови може да преживее само неколку денови. Инаку, станува збор за бактеријата Photobacterium species.
Главната цел на дизајнерката е да го продолжи животниот век на бактеријата и со тоа да креира практична и енергетски ефикасна лампа.