Фото: Pixabay
Не секогаш она што се зборува во врска со одредени сегменти во бизнисот е вистина. Еве неколку такви невистини кои ќе потврдат неколку сомнежи.
Клиентот е секогаш во право
Ако клиентот беше секогаш во право сите компании ќе останеа без работа. Секако, важно е да се видат работите од нивна гледна точка и да се сослушаат. Очекувања на клиентите треба да бидат исполнети уште на почетокот, за да бидат задоволни на крајот.
Започни и клиентите ќе дојдат
Не значи дека штом започнете клиентите ќе чекаат во ред. Успехот во бизнисот е во одличната дистрибуција и маркетинг на производот. Но, за жал многу претприемачи забораваат да се фокусираат на тие две нешта.
Најважна е продажбата
Воопшто не е така. Нема смисла продажбата да се зголемува, доколку компанијата губи пари веќе подолго време.
Парите значат успех
Доколку се фокусирате само на богатењето нема ништо да постигнете. Изградете вистинска вредност и финансиските награди ќе дојдат.
Тимската работа е за градење консензус
Самиот Стив Џобс велеше дека консензус и соработка не се едно исто. Лидерот ја поставува насоката а тимот треба да биде способен ефекасно да работи заедно за да се постигне одредената цел.
Бидете активни на сите социјални мрежи
Вистината е дека социјалните медуми одземаат време кое може многу попаметно да се искористи. Она што треба да направат сопствениците е да пронајдат каде постоечките и потенцијалните клиенти ги водат своите дискусии и да бидат упатени во истите.
Потроши за да заработиш
Вистината е дека премногу пари го заматуваат здравиот разум. Претераното трошење за да се реши некој проблем не е правилен потег. Бидете внимателни со парите и водете сметка за резултатите од секоја инвестиција.
На клиентите им се важни само ниските цени
На клиентите им одговора на купат поевтини производи, но не и по цена да добијат лош квалитет. Затоа потрудете се да обезбедите добар квалитет на одредениот производ или услуга.