Сите фирми кои што вршат промет на добра и на услуги за кои плаќањето се врши во готово, а кои досега не ја отпочнале постапката за воведување на GPRS фискална каса кај некои од овластените производители, имаат уште пет дена до истекот на крајниот рок – 31 јануари, да ја исполнат законската обврската, потсетуваат од Управата за јавни приходи.
Според последните податоци, 38.565 фискални апарати со GPRS уред успешно се регистрани и поврзани со новиот систем на УЈП за on line следење на готовинските плаќања.
По истекот на рокот, даночните обврзници кои немаат воведено и не користат фискален систем на опрема со GPRS ќе се соочат со глоби кои се движат од 750 евра за физички лица (трговци поединци) и 3.250 евра за правните лица, како и со времена мерка забрана за вршење на дејност во објектот од 30 дена.