Мали, многу корисни и добредојдени во секое време – инстант совети за подобро здравје.
Фото: Pixabay
Користете ѓумбир. Помага за затнат нос и проблеми со дишењето.
Одберете удобни патики. На вашите нозе им е потребна добра потпора.
Мирисајте рузмарин. Ја подобрува меморијата и ве држи будни.
Јадете риба. Помага за видот и за иритираност на очите.
Повеќе банани и портокали. Помагаат за регулирање на високиот крвен притисок.
Туш со лаванда. Помага за опуштање и за добар сон.
Дозволете си масажа. Вашиот ум и тело имаат право на уживање.
Не го одбегнувајте лукот. Најдобар природен лек за имунитет.
Конзумирајте авокадо. Вашата кожа ќе биде здрава и сјајна.
Муабетете. Мал опуштен разговор во текот на денот ќе ја подобри вашата ментална функција.
Пијте сок од брусница. Магичен пијалок за решавање на проблемите со уринарниот тракт.
Лажичка мед. Сувата кашлица ќе исчезне.