Турска компанија го купи модниот бренд Mexx

45

Mexx1

Турската компанија Eroğlu Holding, која ги поседува брендовите Loft и Colin’s, соопшти дека под своја капа го зема и холандскиот моден бренд Mexx.

Групата не открива финансиски детали околу купувањето во писмената изјава, но соопшти дека годишниот приход на Mexx е околу 1,2 милијарди евра, пишува Хуријет.

Eroğlu Holding планира да отвори 100 продавници и да достигне една милијарда турски лири (365,5 милиони евра) приходи по аквизицијата на Mexx во текот на следните пет години, изјави шефот на компанијата, Нуретин Ероглу.

Mexx има 500 продавници и 5.000 продажни места во 56 земји.