Арапи во близина на Сараево ќе градат туристички град вреден 2,3 милијарди евра

50

saraevo

Компанијата Buroj Property Development од Обединетите Арапски Емирати, вчера потпиша протокол за соработка со Општина Трново за градење на туристички град Buroj Ozon во близината на Сараево, пишува Klix.

Туристичкиот град ќе содржи станбени единици, хотели, трговски центри, а вкупната вредност на проектот е околу 2,3 милијарди евра.

Според директорот на компанијата од Емиратите, Исмаил Ахмед, Buroj Ozon ќе биде најголем проект од ваков вид во регионот и пошироко.

Фото: Даворин Секулиќ