Високо на Пиринеите порано се граделе куќи од камен кои се користеле како места за чување стока. Денес колибите од камен се претвораат во вили за одмор и релаксација.
Една од нив е и вилата Etnoborda, чии сопственици, со оглед на нејзината мала квадратура, ја прошириле на вкупно 150 метри квадратни.
Во процесот на надградба многу се внимавало да не се наруши изворната архитектура, па поради тоа и новиот дел е изграден од камен. Рамките на прозорците се од масивно дрво, како и мебелот, а рустикалноста е нагласена со дрвените греди.
Оваа прекреасна вила на горниот кат сега има голема кујна, дневна соба, трпезарија и голема тераса. На долниот кат има спални соби, мала кујна и тераса која се наоѓа пред куќниот влез.
Надворешниот дел на вилата зафаќа површина од 190 метри квадратни, во кои се опфатени трем, тревник, градина со зеленчук, систем за собирање на дождовница и мал базен.
Архитектите намерно си поиграле со ѕидовите, правејќи нерамнини, за да се добие еден интересен спој на модерен мебел и рустикална градба.