Пред 125 години, Август Кине и Фридрих Нагел основале шпедитерска компанија во Бремен под името Kuehne + Nagel. Она што започнало со транспорт на суровини и производи како памук, жито, дрво, добиточна храна и шеќер, се развило во една од водечките светски логистички компании. Денес, Kuehne + Nagel има логистичка мрежа што го спојува светот и нуди на своите клиенти интегрирани и логистички решенија со високо додадена вредност.
“Во историјата на Kuehne + Nagel, Бремен и понатаму има незаменливо значење”, изјави Клаус-Михаил Кине, мнозински акционер и почесен претседател на Kuehne + Nagel International AG. “Ова е местото од каде што потекнува компанијата, па дури и денес важни иницијативи се шират од тука во светот, без разлика дали е од центарот на бродската надлежност или деловна единица на договорната логистика.
Кине нагласи дека, без разлика на корпоративна политика за здрав раст, од особено значење е посветеноста на многу талентирани вработени кои овозможија Kuehne + Nagel да ја постигне својата сегашна големина.
“Тоа отсекогаш бил еден од нашите принципи со кои ги мотивираме вработените, да ги развиваме во рамките на компанијата и да се стремиме кон успехот преку тимска работа, што е од суштинско значење за логистичка компанија, како обезбедувач на услуги, со сложени задачи и меѓусекторските функции.”
125+, поглед нанапред
Карл Гернанд, претседател на Kuehne + Nagel International AG, истакна дека до денес само неколку компании во логистичкиот сектор биле во можност да покажат ваква традиција и развој.
“Постојат одредени предности, како што се претприемачки дух, иновативна моќ, ефикасност, способност за учење и посебна култура на компанија која живее помеѓу сите вработени кои му овозможуваат на Kuehne + Nagel да постигне одржлив успех.”
Гернанд го искажа своето уверување дека градењето на овие сили и добар спој на традицијата и понатамошен развој, Kuehne + Nagel групацијата е идеално подготвена за иднината и не само што ќе ги совладува предизвиците на децении кои доаѓаат, туку ќе бидат во можност и да ги обликуваат. “Тоа е она што се подразбира под “Плус” во нашето лого на годишнината”.
Контејнер за годишнината на светска турнеја – од Бремен до светот
По повод годишнината на компанијата, Kuehne + Nagel ќе испрати два големи 12 метарски контејнери на пат околу светот – еден на исток и другиот кон запад. Внатре, контејнерите содржат нешто посебно: На четири мултимедијални станици, посетителите можат да откријат информации за историјата на компанијата, портфолиото на услуги, иновациите и кариерата на Kuehne + Nagel групацијата. Контејнерите ќе бидат претставени на 14 локации низ светот, на националните настани со клиентите. Турнејата не само што ја нагласува водечка позиција на компанијата во бродскиот транспорт, туку и силата на својата глобална мрежа. На крајот од настанот на отворањето во Бремен, Клаус-Михаил Кине лично запечати еден од двата контејнери и посака среќен пат на стартот на својата “светска турнеја”.
Три генерации на сидро и тркало
Тоа беа Август Кине и Фридрих Нагел, чија решителност, став и иновативни услуги поставија пример и ги вградија темелите за успехот на компанијата.
Во втората генерација, Алфред Кине ја обликувал организацијата шест децении и не само што го постигнал своето посебно позиционирање меѓу водечките транспортни компании во Германија, туку ги започнал и првите чекори кон интернационализација.
Во почетокот на 1960-тите почна нова ера за семејната компанија со доаѓањето на третата генерација – Клаус-Михаил Кине. Тој ја сфатил својата визија за создавање на глобална логистичка мрежа која сега има околу 63.000 вработени на 1.000 локации во повеќе 100 земји, а со тоа ја зајакна позицијата на Kuehne + Nagel во ерата на глобализација и меѓународната поделба на трудот.
Во последните децении, Kuehne + Nagel не само што обезбеди високо рангирање во лигата на глобални бродски и авионски транспортери, туку исто така, ја разви договорната логистика и денес на глобално ниво е трет на листата. На ист начин како што специјализираниот транспорт за памук и прилагодените услуги постигна успех за основачите, денес ИТ-базираните, индустриски прилагодените логистички решенија го прават Kuehne + Nagel важен партнер за трговија и индустрија. Покрај тоа, поради своите иновативни камионски услуги, Kuehne + Nagel е во состојба да ги поддржи своите клиенти од првиот до последниот километар низ целиот ланец на набавки.