Цементарница Усје АД Скопје со донација од 200 тони цемент на општина Штип

72

cement

Цементарница Усје АД Скопје ѝ донира 200 тони цемент на општина Штип во вредност од над 1,1 милион денари. Донацијата е наменета за санација на коритата на реките и поправка на мостовите на територија на општината.

“Имајќи ги предвид состојбите на терен по големите поплави во источниот дел на Македонија, УСЈЕ како компанија донесе одлука за донација на 200 тони цемент кој ќе биде искористен за санирање на штетите од поплавите. Цементарница УСЈЕ во согласност со својата политика за општествена одговорност доброволно се вклучува во акции за подобрување на состојбите настанати како резултат на природни катастрофи“, изјави Борис Хрисафов, главен извршен директор на УСЈЕ.

Вработените на Цементарница УСЈЕ собраа парична помош за семејствата од настраданите подрачја. Висината на средствата собрани од лични донации на вработените изнесува околу 150.000 денари, а компанијата ги дуплираше овие средства, со што околу 300.000 денари ќе бидат уплатени на сметката на Црвениот крст како помош за подобрување на моменталните услови за живеење.