Првиот розов iPhone 6 по повод Валентин

35

pink-iPhone-6-600x600Брендот за луксузни модни додатоци Alexander Amosu, по повод Денот на вљубените, го презентираше првиот розев iPhone 6, произведен во многу ограничен број, само 10 парчиња.

За ова специјално издание, кое чини  2.850 долари, наместо дијаманти и злато, дизајнерот едноставно реши да ја “дотера” маската на смартфонот со нова екслузивна боја.

Секако, оние кои преферираат малку повеќе светкави додатоци можат да ја изберат розово – златната верзија, која чини 3.750 долари.

Amosu Couture нуди и iPhone 5, исто толку романтичен колку и неговата понова верзија, по цена од 2.250 долари.