Жито маркети со помош за поплавените општини Могила и Новаци

50

zito-marketi1

Жито Маркети испрати хуманитарна помош за семејствата во поплавените општини, Могила и Новаци. Помошта што се состои од основни дневни потреби за населението распределена во два камиони, во овие подрачја беше доставена денеска.

“Треба сите да знаеме дека на овие луѓе не само што домовите им се поплавени, туку тие сега се соочуваат со недостаток на основните дневни потреби, почнувајќи од храна и вода, па се понатаму. Свесни сме дека не можеме да ги смениме околностите, но сепак со нашата помош се надеваме дека ќе придонесеме овој тежок период да го пребродат полесно. Помошта од Жито маркети веќе започна да се дистрибуира до овие општини што според досегашните информации се најпогодени од поплавите“, изјавија од Жито Маркети.

Жито Маркети до сега, повеќе пати ја покажувале својата солидарност со граѓаните преку разни донаторски акции и социјално одговорни кампањи. Како досега, така и во иднина остануваат посветени на грижата за граѓаните и заедницата и ќе подадат рака секаде каде е потребно.