Ла Тана нова гостилница со беспрекорен македонски дизајн

84

Гостилница Ла Тана е новото место во градот кое дефинитивно треба да го посетат сите љубители на староградскиот-етно стил, вкусната храна, прекрасното вино и убавата македонска песна.
На вчерашното отварање на кое присуствуваа голем број на гости беше потенцирано дека една од главните цели на тимот на Ла Тана е во локалот да се служи храна со најдобар квалитет и по тоа гостилница да се одвои од останатите угостителски објекти.

“Гостилница Ла Тана пред се ќе работи на храна со висок квалитет, брза и исклучително професионала услуга. Ла Тана нема да им нуди на своите клиенти само скара и домашни салати, туку и цела низа квалитетна храна од македонската традиционална кујна и пијалоци. Покрај добрата храна, се погриживме во гостилницата секоја вечер да има и богата музичка програма”, изјави на вчерашното отварање на гостилницата сопственикот, Горјан Тиковски.
Гостилница Ла Тана и нејзината менаџерска структура веруваат во брз развој и прогрес на новиот бренд, бидејќи се работи за исклучително млада менаџерска структура но со богато искуство во угостителската дејност.
Гостилница Ла Тана е уредена според примерот на традиционалните староградски-македонски кујни.
Целиот простор дава впечаток на чиста и префинета стара македонска куќа со стил, удобност, топлина и еколошка свест.
Гостилница Ла Тана се наоѓа на една од најпрометните улици во градот помеѓу полициската станица Пролеќе и Тутунски комбинат Скопје, а има обезбедено и бесплатен паркинг за сите посетители.