Вип понуда – мобилна и фиксна телефонија, телевизија и супер брз интернет во еден пакет

198

Vip_FOTO 2

Вип ја претстави својата нова понуда, во која за првпат, во еден пакет се вклучени мобилна и фиксна телефонија, телевизија и супер брз интернет. На тој начин, корисниците на едно место ќе можат да ги задоволат сите свои комуникациски потреби, ќе имаат една точка за контакт и една сметка за сите комуникациски услуги со најдобра вредност.

За корисниците достапни се три пакети Вип Комбо С, Вип Комбо М и Вип Комбо Л, кои вклучуваат фиксна телефонска линија со неограничена комуникација кон сите фиксни мрежи и кон мрежата на Вип, неограничена мобилна комуникација за една, две или три мобилни претплати во зависност од одбраниот пакет, неограничен супер брз интернет со брзини од 30 Мбпс/2 Мбпс, 50 Мбпс /3 Мбпс и 150 Мбпс /5 Мбпс соодветно, како и телевизија со вклучени до 90 канали/8 ХД канали во Вип Комбо С, до 120 канали/19 ХД канали на два ТВ приемници во Вип Комбо M и до 150 канали/23 ХД канали на три ТВ приемници во Вип Комбо Л. Пакетите вклучуваат целосни квалитетни забавни содржини за сите членови на семејството со неограничена комуникација и дома и во движење. Месечните претплати за Вип Комбо С, Вип Комбо M и Вип Комбо Л изнесуваат  1.699 денари, 2.399 денари и 2.999 денари. Корисниците кои ќе одберат Вип Комбо M и Вип Комбо Л до 31. март 2015 година ќе добијат промотивна понуда, во која месечната претплата за првите шест месеци изнесува  1.699 денари односно 2.399 денари.

“Повторно, слушајќи ги барањата на корисниците, создадовме едноставна понуда која ги вклучува сите потреби за комуникација и забава на корисниците. Силно веруваме дека им нудиме повеќе на корисниците, повеќе вредност, повеќе комуникација, повеќе забава, кога се во движење или во нивните домови, а според нивните потреби – и во секоја соба. Докажавме дека на корисниците им нудиме најдобра корисничка грижа и искуство во мобилната телефонија, каде имаме 4Г ЛТЕ мрежа со најголема покриеност во Макеоднија, а со нашиот партнер Близу одиме чекор понатаму”, изјави Гернот Раш, главен маркетинг директор на Вип.

Vip Combo_FOTO 3

Оваа понуда е прва конвергентна понуда на Вип оператор во соработка со Близу Македонија. Телеком Австрија Групацијата, која веќе го имаше Вип оператор, на крајот на јули 2014 година го купи Близу Македонија. Услугите на Близу во моментот се достапни во Скопје, Тетово, Куманово, Велес, Штип и Прилеп, и постојано се работи на проширување на покриеноста.

“Со аквизицијата на Близу, Телеком Австрија Групацијата ја проширува, и на македонскиот пазар, својата стратегија и визија за свет во кој корисничките потреби ќе евoлуираат кон конвергентни услуги. На овој продукт работевме интензивно неколку месеци и горди сме што на македонските корисници можеме да им го понудиме најдоброто од мобилните и фиксните услуги. Дополнително, овој производ го гледаме и како чекор нанапред во однос на повторното свртување кон раст, со оглед на фактот дека, за жал, растот во сегментот на мобилни комуникации го губи здивот. Уверени сме дека корисниците ќе препознаат одлична вредност во нашиот нов продукт, резултат на посветена работа на тимовите на Вип и Близу”, истакна Никола Љушев, главен извршен директор на Вип.

Понудата е достапна за сите постпејд резиденцијални и деловни корисници за склучен договор на 24 месеци во сите продажни места на Вип. Мобилните услуги се целосно обезбедени од страна на Вип, додека фиксната телефонија, интернетот и телевизијата се поддржани од Близу. Понудата за четири пакетирани услуги е достапна во сите градови каде што Близу има техничка можност. Достапноста на услугите може да се провери во продажните места на Вип, како и во контакт центарот на бројот 077 1234, а наскоро ќе може да се провери и на веб страницата на Вип, www.vip.mk.