Strottarga Bianco е најновиот кавијар кој моментално важи за најскапата храна во светот. Еден килограм од ова “бело злато” чини неверојатни 100.000 евра.
Овој скап кавијар е направен од икрата на ретка албино риба и е обложен со 22 каратно злато.
Новиот производ е дело на австрискиот рибар Волтер Груел и неговиот син Патрик, кои велат дека високата цена не се должи само на неговата уникатност и одличниот вкус, туку и на здравствените придобивки.
Но, сепак овој префинет оброк ќе можат да го вкусат само оние со подлабок џеб во скапите ресторани од Монако, па се до Дубаи.
Таткото и синот решија да го зачинат кавијарот со златни ливчиња затоа што истите се добри за имунолошкиот систем.
Оние што сакат да го вкусат Strottarga Bianco ќе мора претходно да го порачаат преку специјална нарачка.
Пред да му се одземе водата, со што икрата губи 80% од тежината, кавијарот е зачинет со специјални зачини кои допринесуваат за неверојатниот вкус.