Европската централна банка вчера ја претстави новата банкнота од 20 евра, девет месеци пред да влезе во оптек. Новата банкнота е од серијата Европа, од која веќе се излезени банкнотите од пет евра во мај 2013 и од десет евра во септември 2014 година.
“Новата банкнота од 20 евра е симбол на европската интеграција”, изјави Марио Драги на претставувањето во Франкфурт.
Новата банкнота ќе биде тешко да се фалсификува. Кога се држи кон светлината, видлив е портретот на божицата Европа, додека при менување на позицијата на банкнотата, се менува бојата на бројот 20 во левиот агол.
Со текот на времето, нови верзии ќе добијат и банкнотите од 50, 100, 200 и 500 евра, велат од ЕЦБ.
Банкнотата од 20 евра ќе почне да циркулира од 25 ноември оваа година.