Дизајниран од страна на шангајската компанија Huadu Architect Design Co. овој луксузен хотел наликува на сонце кое изгрева и симболизира хармонија, единство и бесконечност.
Од страна тој личи на школка што во кинеската култура претставува среќа. Хотелот кој се наоѓа во срцето на езерото Јанки во Пекинг, се отвори во ноември 2014 година.
Тука гостите освен во луксузниот ентериер и услуга можат да уживаат и во водени спортови, голф, јавање на коњи и скијање.