Фабреже претстави Империјал јајце по 99 години

157

Faberge-Pearl-Egg-600x777 (1)Првото произведено Фабреже Империјал јајце, пред скоро еден век, неодамна беше прикажано на изложбата за накит и часовници во Доха, Катар. Бисерното Фабреже јајце е декорирано со 139 бели бисери и повеќе од 3.300 дијаманти, како и други скапоцени камења.

Жителите од Заливот имаат долга историја на пронаоѓање на бисери, а во Катар се гради вештачки остров кој ќе го носи името Бисер.

Јајцето е прво од ваков вид кое е изложено по Првата Светска Војна.

Последното Империјал Фабреже јајце, Steel Military Egg, беше изложено од царот на Русија во 1916, неколку месеци пред да биде симнат од власт од Руската Револуција и присилен да абдицира во февруари 1917. Николај II го имаше нарачано јајцето како подарок за неговата жена Александра.

Faberge_Steel_Military

Скапоценото јајце, за кое веќе има заинтересирани, ќе биде продадено на крајот на петдневната изложба во Катар. Почетната цена е 2 милиони долари.

Последното Империјал јајце кое беше лани продадено на аукција достигна цена од 30 милиони долари.

Произведени се вкупно 50 вакви луксузни јајца, а 43 од нив ја имаат “преживеано” Руската Револуција.