Audi не е за било каков автомеханичар

47

audi

Не дозволувајте Вашето ауди да дојде во погрешни раце. Таква е пораката во новата реклама за Audi од германската агенција Thjink.

“Сервисот е од особена важност и за клиентите и за нас како производители на автомобили и нашите салони, а сепак тоа досега не беше во фокусот на нашите комуникации. Начинот на кој ѝ пристапивме на оваа тема е сосема неочекуван – емоционален, спектакуларен, епски”, вели шефот на маркетинг на Audi, Зилке Микше.