Johnnie Walker Blue Label наскоро ќе стане прво паметно шише со жесток пијалок. Производителот на жестоки пијалоци, компанијата Diageo склучи договор за соработка со фирмата Thin Film Electronics ASA која поседува посебна технологија за изработка на паметни лепенки.
Технологијата која овозможува изработка на такви лепенки се вика OpenSense, а информациите во лепенката се добиваат преку NFC.
Сè што треба да се направи е да се доближи паметен телефон до шишето и на неговиот екран ќе се појават информациите што производителот ги наменил за потрошувачите.
Со оглед на тоа што лепенката има сензор, преку истата има повеќе можности за комуникација помеѓу потрошувачот и производителот, во споредба со стандардните QR лепенки.
OpenSense NFC лепенките можат да му прикажат на клиентот различни содржини, на пример рекламни пораки, како и посебни погодности во вид на купони.
Откако ќе се отвори шишето, потрошувачот може да добие поинаков тип на информации, како на пример рецепти кои го вклучуваат овој пијалок.