Кои саксиски цвеќиња се најдобрите прочистувачи на воздухот?

3025

Тие го красат домот и го чистат воздухот во затворените простории. Еве кои растенија се најдобрите природни прочистувачи.

Spider Plant (Chlorophytum comosum)

chlorophytum-comosum

Фото: Wikipedia

Ова саксиско цвеќе се множи многу брзо, а достигнува висина од 60 сантиметри. Пушта цветови кои за кратко време се претвораат во листови. Растението ја осветлува секоја просторија и е одличен избор ако сте почетник во одгледување на цвеќе

Dracaena

dracaena-surculosa

Фото: Wikipedia

Постојат повеќе од 40 видови од ова растение, така што имате навистина широк избор. Тие одлично го прочистуваат воздухот од бензен, формалдехид, трихлоретилен и ксилен. Сепак, не се препорачуваат доколку имате маче или куче затоа што се отровни.

Фикус

fikus

Фото: Pixabay

Фикусот исто така го чисти воздухот од бензен, формалдехид, трихлоретилен. Тој може да порасне и до три метри и затоа бара поголеми простории, а летно време е најдобро да се чува надвор.

Свекрвин јазик/змиско растение, (Sansevieria trifasciata)

sansevieria-trifasciata

Фото: Pixabay

Ова саксиско цвеќе, со многу интересно име, е скоро невозможно да се уништи. Одлично го прочистува воздухот од бензен, формалдехид, трихлоретилен и ксилен и токму затоа е често застапено во канцеларии, ресторани и домови.

Peace Lily (Spathiphyllum cochlearispathum)

spathiphyllum-cochlearispathum

Фото: Pixabay

Не само што има прекрасни цветови, туку и одлично го чисти воздухот од амонијак и останатите штетни материи. Цвеќето е многу отпорно и може добро да вирее и во сенка.

Алое вера

aloe-veraФото: Pexels

Алое вера е растение кое помага не само за прочистување на воздухот, туку и при изгореници на кожата, а неговата употреба во козметиката е насекаде добро позната.