ЕЦБ започнa со откуп на обврзници од 60 милијарди евра месечно

ecb

Европската централна банка денеска ја започнува долгорочната програма за стимулирање на европската економија, пишува Еурактив.

Програмата опфаќа откуп на државни и корпоративни обврзници на земјите членки на Европската унија во висина од 60 милијарди евра месечно. Главната цел е зајакнување на побарувачката во евро зоната, запирање на дефлаторните и рецесиони тенденции, а се очекува крајниот ефект да биде излез на евро зоната од криза.

Откупот на обврзници во ЕУ би требало да трае до септември 2016 година, а во тој период ЕЦБ во евро зоната ќе вбризга околу 1.140 милијарди евра.