Банкарството претставува дејност преку која се мобилизираат слободните парични средства во форма на депозити и нивно трансферирање во кредити на поединците и фирмите, што имаат потреба од тоа.
Оваа финансиска дејност има долга традиција, а во листата подолу се поместени најстарите банки во светот.
Banca Monte dei Paschi di Siena, 1472 година
Оваа италијанска банка го има приматот најстара банка во светот, бидејќи истата е основана во 1472 година, а денес е една од водечките банки во земјата. Banca Monte dei Paschi di Siena е банка во чиј фокус се домаќинствата и помалите претпријатија во Италија.
Berenberg bank, 1590 година
Почетоците на оваа германска банка датираат од последните години на 15-от век. Во Berenberg bank се вработени околу 1.150 лица, а банката располага со над 30 милијарди евра средства, што ја прави една од најголемите приватни банки во светот.
Sveriges riksbank, 1668 година
Оваа банка е формирана во далечната 1668 година во Шведска. Sveriges bank или позната само како Riksbank е најпозната како најстарата централна банка во светот.
C. Hoare & Co., 1672 година
Главната мисија на оваа банка е комбинација на традиционалните вредности со модерен пристап. C. Hoare & Co е основана од Ричард Хоаре во 1672 година во Лондон. Од тој момент, па сè до денес, банката нуди финансиски услуги на физички лица, семејни бизниси, претприемачи и организации.
Metzler bank, 1674 година
Банката B.Metzler seel. Sohn & Co. е основана во 1674 година во Франкфурт, Германија. Оваа банка е втора најстара банка во Германија, веднаш зад Berenberg bank. Metzler нуди финансиски услуги за физички и правни лица.