Првото нешто што ќе ви падне во очи во ресторанот М во Лондон е големиот простор кој истовремено е совршено интимно катче.
Новоотворениот ресторан се простира на површина од 1.114 метри квадратни, а истиот е заедничко дело на искусниот угостител Мартин Вилијамс и дизајнерот на ентериери Рене Декер.
Во приземјето просторот е поделен на две главни зони со бронзени екрани, кои се суптилно украсени со назначено М лого, додека сината и чоколадната боја, кои преовладуваат во ресторанот, даваат една нишка на софистицираност и добар вкус.