Фото: Pixabay
Освен во исхраната, кељот наоѓа широка примена и во козметиката. Неговиот екстрат е составен дел на многу креми, лакови за нокти и шампони.
Ова растение е одличен избор за кожата затоа што изобилува со витамини A, Ц и К кои помагаат за елиминирање на темните подочниците и ја затегнуваат кожата околу очите. Кељот содржи лутеин, каротеноид кој го поттикнува производството на колагенот.
Помага во чистењето на порите на кожата и ја задржува влажноста во телото, која е многу потребна за општото здравје на организмот.
Поседува омега 3 и омега 6 масни киселини што го прави и одличен избор за косата. Масните киселини го навлажнуваат скалпот, го забрзуваат растот и го отстрануваат првутот од косата. Екстрактот од кељ се користи во многу шампони и во многу маски за коса.
Кељот е исто така добар за ноктите затоа што поттикнува создавање на кератин, кој што им дава цврстина и влажност.
Домашна маска
За да направите маска, ставете во блендер четири листови кељ, малку сок од лимон и една лажица маслиново масло. Добиената смеса нанесете ја на скалпот 20 минути пред плакнење на косата.