ЕДС го зголеми пазарниот удел на пазарот на електрична енергија

37

eds

Зголемување на портфолиото на клиенти и поголем пазарен удел е резултатот на ЕДС со новата фаза на потпишување на договори со компаниите што се дел од либерализираниот пазар на електрична енергија. Со ова ЕДС ја зацврсти својата лидерска позиција како најквалитетен добавувач на електрична енергија за своите клиенти.

“Зголемениот пазарен удел покажува дека ЕДС направи вистинска промена во квалитетот на услугата што се нуди. Покажавме дека сме вистински избор со зголемен квалитет, пристапна цена и посветеност на потребите на нашите клиенти. Транспарентниот однос, почитување во целост на договорите каде нема скриени клаузули, поседувањето на најголема балансна група се само дел од причините зошто нови компании станаа наши клиенти. Разликата во цена што ја добиваат нашите клиенти останува како можност за реинвестирање на заштедените средства”, изјави Кочо Анѓушев, главен извршен директор на ЕДС.

Присуството на ЕДС на пазарот на електрична енергија и реалните понуди на цената на електрична енергија придонесува за демонополизација на пазарот и создавање на конкурентност преку професионална експертиза и квалитет. ЕДС е компанија што поседува најголема балансна група што им овозможува сите ветувања кон клиенти да бидат исполнети до крај, што не е случај со малите балансни групи. Kомпанијата располага со лиценцирани брокери на светските берзи на електрична енергија, што влијание врз постојаноста на договорената цена на електрична енергија.

“Резултатот од досегашната либерализација е 200 компании кои имаат пониска цена на електрична енергија. Тоа значи, со либерализацијата на пазарот овие 200 фирми заштедија 14 до 15 милиони евра, коишто останаа во фирмите. При целосна либерализација на пазарот дефинитивно за сите фирми ќе се намали цената на електричната енергија. Слободниот пазар ќе ги регулира сите непотребни трошоци и трошења плус и тоа ќе биде бенефит и за граѓаните и за фирмите. Сакаме само да се потсетиме дека пред почетокот на либерализацијата на пазарот на електрична енергија сите субјекти, вклучувајќи ја и нашата конкуренција, ги информираа клиентите дека цената за индустријата ќе остане или иста или можеби ќе се зголеми. Единствено ЕДС беше искрен партнер на индустријата и со вистинска и професионална проценка им вети на фирмите намалување на цената што во понатамошниот период и се случи. Компаниите во Македонија препознаа кој е нивниот искрен партнер, кој секогаш е посветен на нивните потреби и се труди да биде нивни сервис за снабдување со електрична енергија”, дополнува Анѓушев.

Моментално, сите фирми во Македонија на слободниот пазар заедно со дистрибутивната мрежа имаат цена по 70 или 80 евра по мегават час. А сите останати фирми кои се во регулираниот пазар во моментов плаќаат 140 евра. Оваа разлика во цената на електрична енергија која ја плаќаат фирмите најдобро ги покажува придобивките од слободниот пазар.