Албанија ќе ја приватизира државната нафтена компанија

64

albpetrol

Албанија оваа година повторно ќе се обиде да ја приватизира државната нафтена компанија, а наскоро ќе распише тендер за концесија за истражување на нафта и гас, најави премиерот Еди Рама, јавува Ројтерс.

“Свесни сме за важноста на енергетиката, оваа индустрија во програмата на владата е еден од најважните ресурси за економски развој на Албанија”, изјави Рама.

Во компанијата сега работат околу 2.000 луѓе, а бројот ќе биде намален до 1.200 пред приватизацијата.

Пред две години беше откажана продажбата на оваа нафтена компанија на приватен инвеститор.

Според министерот за енергетика Дамијан Ѓикнури, резервите на нафта и гас се проценети на 400 милиони тони, од кои 40 милиони тони лесно можат да се експлоатираат.