Кинескиот гигант за интернет продажба Alibaba наскоро може целосно да го промени концептот на плаќање и тоа со користење на лицето на сопственикот, пишува CNBC.
Корисниците на Alibaba во иднина би можеле да плаќаат така што ќе го скенираат своето лице со паметен телефон и трансакцијата ќе биде реализирана за кратко време.
Според најавите на извршниот директор на Alibaba, Џек Ма, услугата ќе го носи името Smile to pay (Насмевни се за да платиш) и во моментот е во бета верзија. Тој смета дека електронското плаќање понекогаш може да создава главоболки бидејќи корисниците често пати ги забораваат своите лозинки.
На настанот за технологии и социјални мрежи во Хановер – CeBIT, Ма користејќи ја технологијата на препознавање на лицето успеал да купи поштенска марка од интернет.