Вилата Пенелопе, која се продава на грчкиот остров Миконос по цена од 6,8 милиони долари, зафаќа површина од 700 метри квадратни и нуди сè што е потребно за одличен летен одмор.
Таа располага со пет спални соби, секоја со сопствена бања, домашно кино, како и модерна, целосно опремена кујна.
Надвор освен прекрасното опкружување од природата се наоѓа и простран инфинити базен со неверојатен поглед на морето.