Поседот Чатсворд кој беше во сопственост на познатиот Френк Синатра скоро 10 години, сега е на продажба.
Имотот кој се наоѓа во Лос Анџелес, Калифорнија, чини 7,5 милиони долари, а последниот пат бил продаден за 1,54 милиони долари во 1998 година.
Сегашното име на поседот е Фаралон, а дизајниран е од страна на Вилијам Переира, чие портфолио содржи многу познати светски градби како Цантарот Кенеди, пирамидите Трансамерика и тематските згради LAX.
Луксузната вила која е вистински скапоцен камен на овој имот се наоѓа на место кое нуди панорамски поглед на градот и околните планини. Се протега на површина од 1.000 метри квадратни и има четири спални соби, шест бањи, бар, канцеларија и неколку камини.
Во дворот има базен кој е опкружен со зелени градини, а тука се наоѓа и мала вила за гости и уште еден поголем базен со скокалница.