Жито Маркети во ист ден отвори нови маркети во Скопје и во Велес

245

zito 1

Малопродажниот ланец Жито маркети се прошири со два нови маркети, во Скопје и во Велес, отворени во ист ден. Маркетот којшто е седумнаесети по ред во Скопје се наоѓа во населба Аеродром, а истовремено во Велес беше отворен единаесетти по ред Жито Маркет. И двата маркети се на површина од 170 метри квадратни, имаат по две наплатни каси и вработуваат вкупно 18 лица. Соодветно на компаниската политика, новоотворените маркети се опремени со голем избор на квалитетни производи по најпристапни цени, со цел да ги задоволат потребите на сите потрошувачи.

Маркетот во населба Аеродром e лоциран на улица Венјамин Мачуковски бр. 25А, а новоотворениот маркет во Велес се наоѓа на улица Христо Татарчев бр. 10. Работното време на двата маркети ќе биде седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07:00 часот наутро до 22:00 часот навечер, а во недела од 07:00 часот наутро до 14:00 часот попладне.

zito2

„Нашето неуморно работење и големата посветеност се дел од вредностите со кои Жито Маркети ја гради својата продажна мрежа. Овој потег на истовремено отворање на два нови маркети е показател дека го спроведуваме нашето ветување, да бидеме што подостапни за граѓаните во Македонија и да им овозможиме професионална услуга и производи со врвен квалитет по најпристапни цени“, изјави Далибор Ѓошевски, генерален директор на Жито Маркети.

При отворањето на двата маркети купувачите можеа да ја употребат лојалната картичка Навика да добивам повеќе и да ги искористат бенефициите што ги овозможува при купувањето. За сите присутни имаше и голем број изненадувања, подароци, гратис производи, попусти и промоции.