Двајцата студенти по машинство, Виет Тран и Сет Робертсон, од Универзитетот Џорџ Мејсон стојат зад уникатниот изум за гасење на пожар, што ќе користи звук во борбата против пламените јазици, пишува Гардијан.
Аудио апаратот за гаснење на пожар користи нискофреквентни звучни бранови, а Тран и Робертсон се надеваат дека уредот ќе може да се користи за гаснење на шумски пожари.
Тран и Робертсон аплицираа за патент на крајот на ноември минатата година, по што ќе имаат доволно време да го тестираат уредот со различни запаливи материи.
Идејата за развивање на ваков апарат започна во рамки на истражувачки проект, но по една година обиди и грешки и потрошени околу 600 долари, беше дизајниран преносливиот генератор за звук со голем потенцијал.