Комерцијална банка започна нов промотивен период од 01.04.2015 до 30.06.2015 година, во кој сите новоодобрени потрошувачки кредити до 10.000 евра со ЕУР клаузула ќе се одобруваат без надомест за одобрување и администрирање на кредит, соопштуваат од банката.
За одобрени потрошувачки кредити наменети за рефинансирање на постоечки потрошувачки кредити во Комерцијална банка ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на банката.
Почнувајќи од денеска, Комерцијална банка ќе изврши намалување на дел од пасивните каматни стапки на правни лица и на население.
Кај правните лица се намалуваат каматните стапки кај орочените денарски депозити и орочени денарски депозити на пензиски и инвестициски фондови, друштва за управување со пензиски фондови и друштва за управување со инвестициски фондови од 0,25 до 1,20 процентни поени.
Кај физичките лица се намалуваат каматните стапки на орочените денарски штедни влогови од 0,02 до 0,90 процентни поени и орочените девизни штедни влогови од 0,02 до 0,50 процентни поени.