Партнерството на компаниите BASF и Floatility резултираше со создавање на ултралесен тротинет со соларно електрично напојување. Бидејќи тежи помалку од 12 килограми, а е направен од 80% композитни и пластични материјали на BASF, овој тротинет на корисниците ќе им остави впечаток на лебдење, па од таа причина го носи името e – Floater или е – Лебдач, стои на страницата на Basf.rs.
“Ова е совршен пример како во соработка со нашите партнери се обидуваме до крај да ги откриеме можностите на нашите иновативни материјали. Овој e – Floater е комбинација од стабилност, издржливост и сигурност со возбудлив и функционален дизајн“, вели Енди Постлетвајт, висок претседател на сегментот Производи за подобрување на перформансите на компанијата BASF за азискиот и пацифичкиот пазар.
BASF со овој проект ќе придонесе за зголемување на палетата на најразлични материјали и развивање на нови можности.
“Соработката со BASF овозможува да развиеме најмодерно решение за движење на кратки релации во градска средина за да се обезбеди мобилност на најновите генерации по желба на купувачите. e – Floater ќе биде од клучна важност, патувањето на кратки релации да биде практично, брзо, достапно и оддржливо“, вели Оливер Рајс, основач и директор на компанијата Floatility.