Реклама што досега спаси 36 бебиња од задушување

42

reklama

Рекламата во која главни ѕвезди се играчки, капаче од пенкало и кикирика, ги учи луѓето како да му помогнат на дете ако се задушува. Видеото досега успеа да спаси 36 деца, според британското хуманитарно здружение St. John Ambulance. Здружението оваа едукативна реклама ја пушти во јануари, а досега е прегледана преку 29 милиони пати, пишува The Independent.