Цената на дизел горивото од ноќеска ќе се намали за половина денар, додека цените на бензините остануваат исти, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на Еуросупер БС – 95 и Еуросупер БС – 98 не се менуваат, односно и понатаму ќе чинат 67,50 ден/лит и 69,50 ден/лит.
Цената на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит и ќе изнесува 53,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1), исто така, се намалува за 0,50 ден/лит и ќе чини 42 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,008 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 23.03.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 26,240 ден/кг.