Т – Мобиле организира голема наградна игра

79

nagradna crop

Т – Мобиле Македонија ја организира досега најголемата наградна игра за своите корисници. Учесниците во наградната игра имаат можност да освојат едно од трите Ауди А3 автомобили, додека за најсреќниот добитник е резервиран луксузниот Порше Кајман.

Наградната игра започна на петти април и ќе трае до 30-ти мај. Правилата се едноставни, а играта важи за сите нови и постојни припејд корисници. За да учествуваат во играта, корисниците треба најпрво да се регистрираат со повик на бесплатниот број 1469. Потоа, со надополнување на ваучер од најмалку 300 денари, добиваат клуч со кој учествуваат во едно од трите извлекувања за автомобилот Ауди А3. Со три клуча (најмалку три ваучери од по 300 денари) при пејд корисниците имаат шанса да ја освојат главната награда – Порше Кајман.

nagradna igra t mobile

Извлекувањето на добитниците на автомобилот Ауди А3 ќе биде на 19-ти април, трети мај и 17-ти мај во емисијата Во недела попладне на Алфа ТВ, додека доделувањето на главната награда Порше Кајман ќе се случи на 31-ви мај во истата емисија.

Освен редовното надополнување на сметката, за оваа наградна игра нема никакви дополнителни трошоци.

За сите оние кои сакаат да играат за еден од четирите фантастични автомобили, но не се припејд корисници на Т – Мобиле, постои дополнителна поволност. Во рамките на промотивната понуда Припејд Дуо, новите при пејд корисници за 295 денари добиваат пакет од две картички, при што секоја од нив е со вклучени разговори и SMS пораки во вредност од 10.000 денари кои може да се искористат кон сите T – Mobile и Т – Home корисници во период од 30 дена.

“Се чини како никогаш досега не било толку лесно да се дојде до Порше Кајман. Па затоа, се охрабривме играта да ја наречеме Наградна игра на векот. Одлучивме да ги изненадиме нашите при пејд корисници на најдобар можен начин и да им се заблагодариме за лојалноста и поддршката која ја добиваме од нив. Со нетрпение ги очекуваме среќните добитници на овие навистина вредни награди, а особено новиот сопственик на Порше Кајман. Ги повикуваме сите да учествуваат во играта која што ќе им овозможи не само забава, туку и дополнително пријатно изненадување – автомобил од соништата“, изјави Димитар Ковачевски, директор на Корпоративни комуникации.