Познатиот моден бренд Пјер Карден (Pierre Cardin), утре (8 април) го прославува својот 20-ти роденден на македонскиот пазар. Фирмата Нени Компани веќе 20 години им овозможува на македонските потрошувачи да бидат во тек со светската модна сцена.
Значајниот јубилеј на врвниот интернационален моден дизајнер во Македонија, застапникот Нени Компани ќе го одбележи со тридневен попуст – на 7, 8 и 9 април, со 20% на целата колекција Пјер Карден.
„Пјер Карден е многу повеќе од моден дизајн, во името и брендот се вткаени дизајнерската традиција и вештина во изработка на ткаенини. Статусниот симбол што го наметнува е само еден чекор кон создавањето на идентитет и авторитет. Овие карактеристики на брендот беа причини пред дваесет година да го донесеме овој светски бренд во Македонија и со тоа, на некој начин да ги отвориме вратите и да ја подигнеме свеста за деловната и за секојдневната машка мода, нешто што денес е императив. Драго ми е што граѓаните ги препознаа токму овие вредности на Пјер Карден. Токму и затоа се одлучивме да ги наградиме не само нашите најверни купувачи, туку и сите кои што во следниве три дена ќе дојдат во двата бутика на Нени Компани – City Fashion Pierre Cardin во ГТЦ и во Сити Мол, со 20% попуст на целата Pierre Cardin колекција”, изјави Ненад Атанасов, генерален менаџер на Нени Компани.
Преј Карден е еден од првите интернационални брендови присутни во Македонија. Широкиот избор на високо-квалитетна облека и модни додатоци е главната причина што веќе 20 години претставува успешен бренд на македонскиот пазар.