Црна Гора со закон ги заштитува домашните работници

100

crna gora

Властите во Црна Гора донесоа закон за странци, што стапи на сила од први април. Според овој закон, ниту еден странски државјанин нема да може да добие работа доколку во заводот за вработување има Црногорци од тој профил, пишува српски 24 сата.

Целта на овој закон е да се зголеми вработеноста на домашната работна сила, но работодавачите побараа да се одложи примената на членот што се однесува на собирање на претходни потврди од заводот, како услов за ангажирање на странци.

“Доколку работодавачите веќе 15 години ангажираат странци, тоа значи дека не им дале прилика на домашните работници да бидат ангажирани. Законот не забранува вработување на странци, туку само се става ред во давањето на приоритет на работниците од Црна Гора“, вели Вукица Јелиќ, директорка на црногорскиот завод за вработување.

Во текот на 2014 година издадени се 23.061 дозволи за работа и вработување на странци, што е за 2,5% повеќе во однос на 2013 година. Најмногу дозволи, односно 5.156 се издадени во областа на градежништвото, во туризмот и угостителството се издадени 4.510 дозволи. Најчесто дозволи им се одобруваат на работници од Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.