Од денеска, пакетот Smart XL со фиксна телефонија, интернет и Boom TV, достапен промотивно во понудата на ОНЕ со намалување на месечната претплата до 50%.
Smart XL е идеално решение за секој дом, бидејќи истиот нуди: Фиксна линија со неограничени разговори кон сите мобилни и фиксни броеви од мрежата на ОНЕ, како и кон другите национални мрежи; Неограничен супер брз интернет; Boom TV дигитална телевизија со вклучени ТВ канали: SportKlub 1, SportKlub 2, SportKlub3, HBO, HBO Comedy, Cinestar Premiere кои корисниците можат да ги гледаат бесплатно 24 месеци; Бесплатен WI-FI рутер и можност за бесплатен САМ модул.
Во промотивниот период сите корисници кои ќе го изберат пакетот Smart XL, но и оние кои ќе го изберат пакетот Smart L добиваат намалување, односно попуст на месечната претплата кој прогресивно се зголемува секои три месеци, така што во последните три месеци од договорот, корисниците ќе добијат намалување на претплатата од дури 50%.
Дополнително, ОНЕ нуди и можност за бесплатно префрлување на постоечки фиксен број од другите мрежи во мрежата на ОНЕ. Понудата важи ограничен временски период, а достапна е со договор од 24 месеци.