Skype for business – интерактивна платформа за бизнис корисници

76

lync i skype for business

Компанијата Microsoft го најави воведувањето на платформата за комуникација и соработка, Skype for business, пишува Tech crunch.

Оваа платформа го обединува корисничкото искуство на кое навикнаа корисниците на Skype, со сите функционалности на комуникациското решение за компании, на Lync. Корисниците што го користат Lync online, ќе добијат надградена верзија на Skype for business, почнувајќи од средината на април до крајот на месецот.

Skype for business е интегриран во Microsoft Office и има повеќе можности како што се: видливост на присуството, испраќање на инстант пораки, говорни и видео повици и online состаноци. Корисниците на оваа платформа може да објавуваат говорни и видео повици кон сите корисници на Skype.