Ројал група од Обединетите Арапски Емирати планира во Улцињ, Црна Гора, да изгради аеродром, а на Ада Бојана десет хотели со пет и повеќе ѕвезди, соопшти извршниот директор на Улцињска ривиера, Радомир Зец, јавува РТС.
“Доколку се договориме, Ројал група ќе ја оспособи патната инфраструктура во овој дел на приморјето, со што ќе се подобри сообраќајната поврзаност на Улцињ со останатите делови на државата, но и светот”, изјавил Зец.