Статистиките покажуваат дека повеќе од 90% од луѓето живеат во урбаните средини и сè повеќе губат контакт со природата. Но, украинската компанија Greenwall, преку своите вертикални градини, на своите клиенти им проектира уникатни решенија.
Вертикалната градина, односно Fitostena, е рефлексија на природните убавини.
Главните предности на овие градини се во тоа што зафаќаат минимален простор за максимален број на растенија, располагаат со посебен систем за автоматско наводнување и грижа за растенијата, лесно може да се преместат од едно на друго место и гарантираат прочистување на воздухот во затворен простор.
Fitostena се монтира на ѕид во близина на штекер, што е можно подалеку од системот за греење. Водата во самиот панел се движи низ силиконска цевка. Корисникот сам ги избира растенијата што ќе се најдат на неговиот “зелен“ ѕид. Системот автоматски пушта количество на вода во точно утврден период, што зависи од потребата на растенијата.