Вилата Џон Совден, позната како Jaws House или Franklin House, е необична резиденција изградена во 1926 година во Лос Фелиз, богато предградие на Лос Анџелес.
Нејзиниот поранешен сопственик Совден, уметник и фотограф, го ангажираше својот пријател архитект Лојд Рајт да му изгради уникатно здание.
Денес таа е едно од најдобрите дела на Рајт и познато обележје на градот. На предната фасада се проткајува стилот на древните Маи, а има и елементи кои потсетуваат на будистичките храмови.
Фасадата со своите големи бетонски блокови наликува на отворена уста од ајкула, во зависност од аголот на гледање. Вилата зафаќа површина од 700 метри квадратни, а нејзината цена е пет милиони долари.