Уникатен мебел на склопување од Louis Vuitton

129

luxury_home_decor_louis_vuitton_milan_furniture_fair_2015_9__600x450Познатиот луксузен моден бренд Louis Vuitton на саемот за мебел во Милано, што се одржа минатата недела, се претстави со уникатна линија на додатоци за домот, составена од луксузен мебел на склопување.

Саемот се одржува еднаш годишно и е најголемиот од ваков тип во светот. Тука можат да се видат дизајни на водечките брендови во светот како Versace, Hermès и Tom Dixon.

Годинешната колекција на Louis Vuitton се вика Objets Nomades (Објекти Номади), а инспирацијата доаѓа од самата тема на брендот – патувањата, што модната куќа ја следи од 1854.

За да ја создаде оваа уникатна збирка на елементи, луксузниот бренд соработуваше со девет дизајнери. Линијата содржи 16 оригинални парчиња како висечки столчиња и куфери, лампи, масички и столчиња на склопување, нишалки и друго.

luxury_home_decor_louis_vuitton_milan_furniture_fair_2015_2_luxury_home_decor_louis_vuitton_milan_furniture_fair_2015_1_luxury_home_decor_louis_vuitton_milan_furniture_fair_2015_3_luxury_home_decor_louis_vuitton_milan_furniture_fair_2015_4_luxury_home_decor_louis_vuitton_milan_furniture_fair_2015_7_luxury_home_decor_louis_vuitton_milan_furniture_fair_2015_6_luxury_home_decor_louis_vuitton_milan_furniture_fair_2015_5_luxury_home_decor_louis_vuitton_milan_furniture_fair_2015_8_