Шеик во Србија купува осум земјоделски комбинати

59

VUCIC I ZAJED AL NAHJANUСрбија ќе потпише договор за заедничко инвестирање со емиратската компанија Ал Дахра во земјоделството. Како што најави министерот за финансии Млаѓан Динкиќ, во недела во Абу Даби ќе се потпише првиот договор со Al Dahra, која ќе стане мнозински сопственик на осум земјоделски комбинати во Србија. Арапската компанија ќе има 80% удел во овие комбинати, додека Србија 20%. Од оваа зделка, во српскиот буџет ќе има прилив од 100 милиони евра.

Во Абу Даби ќе биде конкретизиран и проект за изградба на комплетна инфраструктура за наводнување, во која странските партнери ќе инвестираат 100 милиони евра.

Al Dahra е во сопственост на принцот престолонаследник на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мухамед бин Зајед ал Најан. Според Динкиќ, шеикот изразил желба да инвестира 150 милиони евра и во производство на сложени борбени системи, а инвеститори од Емиратите се заинтересирани за инвестиции и во Јат техника.

Како што пренесуваат српските медиуми, братот на принцот Мухамед, шеикот Танин, планира во Србија да отвори банка. Нејзин основач би била една од најголемите банки во арапскиот свет, Прва заливска банка.