Како луѓето го опишуваат стресот

stres

Фото: Pixabay

Стресот денес е како нужно зло. Сите сме го почувствувале неговото негативно дејство, некој повеќе, некој помалку. Сме читале разно разни совети за негово ослободување, намалување, елиминирање…

Како стресот навистина се чувствува? Каде е критичната точка, дали го заматува умот, погледот или пак ги кочи нозете рацете и говорот?

Неколку луѓе се обидоа да го опишат, детално. Еве што за тоа пишува Huffington Post:

Како да се наоѓаш среде цунами, огромните бранови те попречуваат да ја најдеш излезната насока.

Како огромна грутка во стомакот.

Чувствувам како да ме каснала ајкула за стомакот.

За мене стресот е како густа магла која буквално не ми дава да се помрднам.

Како ѕидовите околу мене да се стеснуваат и ме држат во стеги.

Вулканска планина која само што не еруптирала. Притисокот расте, напнатоста е максимална.

Стресот е како да носиш со себе бетонски блок (кој тежи околу 13 килограми). Првите неколку минути нема да имаш проблем. Но, ако го носиш еден час, ќе те измори, ако продолжиш да го носиш цел ден, ќе те повреди. Доколку продолжиш да го носиш на долги патеки, ќе те убие.

Стресот е како да те стега џин во својата прегратка.

Се чувствувам како да сум египетска мумија, целата завиткана и како врз мене да има ставено пирамида.

Како да имам огромна тежина на рамената, гравитацијата ме влече надолу и чувствувам страв.